Матка- клисура со богат комплекс од средновековни градби, вклучувајќи цркви, манастири и остатоци од тврдината ( на средновековниот град на Матка ). Постојат десетици пештери и голем број на ендемични растенија и животни. Кањонот зафаќа површина од околу 5000 ha, и се наоѓа на 15 километри југозападно од Скопје. Матка е еден од најголемите центри за бегалци за време на глацијалниот период, а тоа резултира со присутност на голем број на реликтни и ендемични растенија, 20% се реликтни или ендемични зачини.

Исто така важно е да се напомене дека постојат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки во областа на кањонот Матка, а 18 други видови се нови и непознати на науката. Кањонот на Треска вертикално ја сече масивната Сува Гора. Клисурата има долини, пукнатини, пештери формирани од долгорочното влијание на планинските реки и големите температурни осцилации. Во околината на реката Треска можете да најдете голем број на пештери меѓу кои најубави се Врело, Крштална и Убава.

Пештерите се полни со бројни сталагмити, сталактити и столбови, а некои од нив се осветлени. Посети на кањонот се организирани од страна на водич. Кањонот на реката Треска е најважниот искачувачки центар во северниот дел на Македонија. Главните искачувања започнуваат во пролет, околу велигденските празници, кога доаѓаат посетители од цела Европа. Сезоната продолжува во текот на летото и есента до ноември. Кањонот на реката Треска е отворен и за кајак. Манастирот св. Андреј изграден во 1389 година се наоѓа на езерото Матка (17 километри од Скопје) и содржи фрески од голема уметничка вредност.

Манастирот св. Никола се наоѓа на врвот од карпата над езерото Матка, така што посетителите имаат спектакуларен поглед на езерто и неговата околина. Нема прецизни информации за тоа кога е изграден овој манастир, но се знае дека прв пат се споменува во 17ти век. За жал во 18ти век манастирот бил напуштен. Во близина на св. Андреј и св. Никола се наоѓа манастирот Матка кој датира од 14ти век, а неговите фрески датираат од 15ти век. Манастирот се наоѓа на левиот брег на реката Треска на околу 12 километри од Скопје. Црквата на св. Андреј, изградена во 14ти век има живописни композиции како што се ,,Тајната вечера” , ,,Слегувањето од крстот” и ,,Молитва на Маслиновата Гора” заслужуваат посебно внимание.

  • Местоположба на Скопска чаршија

Старата Скопска Чаршија е трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар. Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од XII век.

  • Отомански белег на Скопска чаршија

Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот. Во неа се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Скопска Чаршија претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија. Во неа се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации, кои учествувале во нејзиното создавање.

 

Во Скопска Чаршија преовладува отоманската архитектура, иако се забележителни и остатоци од византиската, а во последно време се забележува и примената на модернистичката архитектура. Голем број од градбите кои некогаш служеле како преноќевалишта за трговските патници или како амами за намесниците и управителите во градот се пренаменети и служат како простор за одржување на културно-уметнички настани.

На просторот на Скопска Чаршија и во нејзината околина се останати и неколку џамии, турбиња, две цркви и саат-кула. Во втората половина на XX век биле изградени и зградите кои го сочинуваат Музејот на Македонија и зградата на Музејот на современата уметност. За развитокот на Скопска Чаршија низ историјата, нејзината културна вредност и занаетите кои биле застапени на просторот сведочат предметите изложени во Музејот на Старата Скопска Чаршија, сместен во рамките на Сули ан.

Зградата била импозантна, со повеќе сали и раскошен ентериер. Спроти неа била изградена Народната банка во 1932 година. Пред нив биле подигнати и две фонтани со разнобојни светилки, а пред Камениот мост биле поставени и два монументални споменика: на кралот Петар I и на кралот Александар I Караѓорѓевиќ претставени на коњи во генералски униформи и пелерини. На плоштадот, заедно со кафеаните „Метропол” и „Магер”, покрај Ристиќевата палата се наоѓала и зградата на Мацура, така што тие заедно со други објекти го чинеле јадрото на градот Скопје во тој период. Зад Офицерскиот дом се наоѓала новата зграда – палатата на Поштата и телеграфот, а пак Банската палата е, всушност, зградата на денешното Собрание.

Изградбата на големиот број јавни објекти, но и на самиот плоштад во градот Скопје во периодот меѓу двете светски војни била резултат на конечниот регулациски план на градот во 1929 година, кога претседател на општинското Поглаварство бил Јосиф Михаиловиќ.

Плоштадот добива нов лик во времето на Втората светска војна, кога градот се наоѓа под бугарска окупација. Во тој период, претходно споменатите фонтани и споменици биле урнати, била извадена калдрмата од големи коцки и заменета со таква со мали, а плоштадот бил проширен. Преуредувањето било направено заради одржувањето на воените паради на бугарската армија.

Ослободувањето на градот во 1944 година и влегувањето на Македонија во рамките на Југословенската Федерација значело и преименување на плоштадот во „Маршал Тито”. Тука се одржувале воени паради и други манифестации кои, практично, ја обликувале новата колективна меморија: пречек и испраќање на Титовата штафета, прослави на градот и на Републиката по повод јубилеи, пионерски смотри итн.

До земјотресот, плоштадот бил познат по гулабите кои ги имало во голем број, а за кои се грижел стариот чичко Рампо. Привлечноста на градскиот плоштад во тој период била надополнета со Цветниот пазар, чистачите на чевли, особено познатиот Панта, со продавачите на стари книги итн.

Во земјотресот во 1963 година, еден дел од изградените јавни објекти биле оштетени или разурнати. Особено значајни штети претрпеле Офицерскиот дом, Народната банка, Музејот и др.

Денес сите патишта водат кон главниот градски плоштад „Македонија”. Тука се одржуваат едни од најважните и најспектакуларните настани, како дочекот на Новата година, кога скопјани се и најмасовни во посетата. На плоштадот, исто така, се одржуваат и многубројни хуманитарни акции, културни настани на отворено, митинзи на политички партии. Овој простор денес претставува епицентар, тој е вистински музеј на отворено со голем број споменици и скулптури.

mk_MK